Поранешниот тренер на Рома, Жозе Мурињо, ќе ја одбие понудата да го преземе кормилото на Ал-Шабаб, клубот од Саудиска Арабија. „Специјалниот“ пред само неколку дена доби отказ од „волчицата“ и моментно е без тим. Се шпекулираше дека ќе оди на Блискиот Исток, но, сепак, тоа нема да се случи.
Се чини дека 60-годишниот Португалец се предомислил и одлучил дека нема желба да стане следниот голем европски стратег кој ќе започне да работи во Саудиска Арабија.Тој одлучи дека е подобро да направи мала пауза и да чека понуди од Европа.
Португалецот сигурно нема да остане без понуди за работа. До лето ќе има доволно опции да избере. Тој е на цел на англискиот премиерлигаш Њукасл како можна замена за Еди Хау, чија иднина е сѐ понеизвесна по слабите игри и резултати на тимот оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal