
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, има намера да го доведе својот сонародник Кристиано Роналдо, со кого соработуваше пред неколку години во Реал Мадрид, пишува турскиот медиум „Фотомач“.
Во светло на неодамнешните гласини за можен раскин на соработката меѓу португалската суперѕвезда и неговиот клуб Ал-Наср, Специјалниот му се јавил на напаѓачот и го прашал дали се чувствува среќно во саудискиот клуб.
Тренерот на Фенербахче се интересирал дали Роналдо би бил заинтересиран да потпише за неговиот тим, ако навистина има намера да го напушти Ал-Наср уште во јануари.
Според информациите, турскиот гигант веќе воспоставил контакти со Ал-Наср, како и со агентот на играчот, Жорге Мендеш. Се смета дека Саудијците се подготвени да преговараат за трансфер на 39-годишниот фудбалер, чиј договор истекува идното лето.
Како што е познато, годишната плата на Кристиано Роналдо надминува 220 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
