
Актуелниот првак Шкендија сака да се доближи до врвот и е голем фаворит против Борец во деветтото коло од Првата македонска фудбалска лига. По ремито против Струга Трим Лум, за тетовци е приоритет да освојат три бода.
Мевљан Мурати вели дека тимот непланирано загубил многу бодови од стартот на сезоната и не смее да си дозволи кикс денеска против Борец.
„За нас е многу важно да дојдеме до трите бода на дуелот против Борец. Ако земеме предвид дека загубивме многу бодови досега, се наметнува императивот да размислуваме единствено за победа“, изјави Мурати.
Борец е во тешка ситуација, во последното коло загуби во Велес од Скопје со 0-2, па ќе се обиде да го изненади големиот ривал.
Скопје ќе игра интересен меч на Автокоманда против Академија Пандев, а во Битола ќе се игра дерби за бегство од дното меѓу Пелистер и Тиквеш.
Брегалница е осоколена да ја порази Струга ТЛ, а Македонија ЃП по низата порази сака да се врати во победнички ритам против Ренова.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 9. КОЛО
Тетово: ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ (денеска, 15 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ
Ѓорче Петров: МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА
Битола: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
Автокоманда: СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ
Чаир: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ (утре, 15 ч.)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski