Connect with us

Мурати: Ништо не е готово, Шкендија ќе возврати на реваншот во Словенија

Шкендија доживеа непријатен удар на стартот на европската авантура откако загуби (0-1) на првиот дуел против Мура на арената „Тодор Проески“. Неколку неискористени шанси и нереализиран пенал се главната причина за поразот, а десниот бек Мевлан Мурати смета дека Шкендија има капацитет да возврати со иста мера на реваншот во Словенија.

„Не посакувавме ваков резултат на европската премиера. Според играта и шансите, и не заслуживме да бидеме поразени. Но, не ги искористивме шансите и бевме казнети. Сепак, има реванш во Словенија и мислам дека Шкендија има капацитет за да возврати“, вели Мурати.

Шкендија наредниот вторник ќе и гостува на Мура со мисија да ја надомести негативата од првиот меч во Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови