
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар е под комплетна блокада. „Замзрната“ е жиро – сметката поради неподмирени долгови, а ниту тимот не започнал со тренинзи за пролетниот дел од првенството. Останатите прволигашки клубови работат речиси еден месец и се подготвуваат за продолжението од шампионатот, а Вардар се уште чека исплата на долгови и отпис на камати.
Фудбалерите, оние и малку што останаа со оглед дека другите се разбегаа и си побараа начин за продолжување на кариерата, се уште не се почнати со тренинзи. ФК Вардар е заглавен во должничкиот лавиринт, а ниту Сергеј Самсоненко, барем засега, не го исполни ветувањето да го подмири долгот од 2,4 милиони евра кон фудбалерите, стручниот штаб и кон други субјекти.
Вардар чека отпис на камати од долгот што го има кон ЈПССДП, а таа одлука треба да помине на седница на влада. Дури потоа ќе може да се плати основниот долг, па и да се „одмрзне“ сметката со уплата на одредени средства. Дотогаш, ниту фудбалерите не сакаат да почнат со тренинзи.
Остануваат десетина дена до почетокот на пролетниот дел од првенството и Вардар е во „мртва трка“, дали воопшто ќе почне со тренинзи додека стартува продолжението од шампионатот во Првата фудбалска лига.
Во меѓувреме, навивачите купуваат виртуелни билети од акцијата на Комити – „Купи билет за спас на Вардар“…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
