
Фудбалската репрезентација на Македонија на 24 март следната година ќе игра на гости против Италија во полуфиналето од баражот за Светското првенство во Катар. Италијанците за град домаќин на овој плејоф меч го одредија Палермо и стадионот „Ренцо Барбера“.
Но, ова здание, како што откриваат италијанските медиуми, ќе мора значително да се реновира за да добие дозвола за организација на натпревар на УЕФА и на ФИФА од ваков карактер.
Потребно е да се реновираат дел од трибините, а исто така да се вложи и во нов тревнат терен.
„Регионалното собрание на Сицилија одобрило инвестици вредна 200.000 евра за финансирање на вонредните работи за одржување на трибината. Ова е побарано од ФИГЦ како неопходно за да се усогласат меѓународните стандарди. Без овие интервенции, „Ренцо Барбера“ нема да биде домаќин на натпреварот меѓу Италија и Македонија закажан за 24 март“, информираат италијанските медиуми.
Доколку Палермо отпадне во комбинација, тогаш повторо во опција се стадионите во Бергамо, Болоња, Милано или Рим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
