Младата фудбалска репрезентацијата на Македонија до 21 година е пред голем предизвик. На арената „Тодор Проески“ денеска (18.30 часот) гостува најголемиот фаворит во групата, селекцијата на Франција.
Селекторот Драги Канатларовски вели дека фудбалерите се максимално подготвени и со нетрпение го очекуваат дуелот против „триколорите“. Сепак, признава дека Французите се големи фаворити.
„Франција е апсолутен фаворит во оваа група, силна репрезентација која располага со голем фонд на играчи кои имаат голем потенцијал и настапуваат во најсилните лиги низ Европа. Првиот натпревар против нив таму го загубивме убедливо со 3:0, но на претходните четири натпревари успеавме да останеме непоразени. Се надеваме дека серијата без пораз ќе ја продолжиме и против Франција. Играме на домашен терен, пред домашна публика, сите со нетрпение го очекуваме овој натпревар. Момците имаат голема желба, подготвени сме и физички и психички за голема борба во сите 90. минути. Одработивме одлични подготовки, напредуваме од меч во меч, а тоа се виде и на дуелот со незгодната селекција на Украина. Оваа репрезентација е подготвена да се надигрува и натпреварува со секоја селекција“, вели селекторот Канарлатовски.
Младиот национален тим на Македонија во досегашниот тек од квалификациите има забележано една победа, три нерешени средби и еден пораз.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski