
Холандскиот играч за врска на Барселона, Френки де Јонг, не можеше да се опорави за да игра на последното мегадерби против Реал Мадрид оваа сезона и не е вклучен во тимот на Чави.
Барселона вечерва (21 часот) ќе го пречека Реал Мадрид во реваншот од полуфиналето на Купот на Кралот, а има и предност од 1-0 по првиот дуел на „Бернабеу“.
Чави нема да може да смета и на Андреас Кристенсен, Осман Дембеле и на Педри, но затоа се враќа Рафиња откако отслужи казна за акумулирани картони.
„Ништо не е завршено, не очекува уште еден голем дуел. Реал Мадрид никогаш не треба да се отпише, тие се способни да се вратат кога најмалку го очекувате тоа. И затоа ние треба да бидеме максимално внимателни, но истовремено и да нападнеме силно“, изјави Чави Хернандез, тренерот на Барселона.
Карло Анчелоти ги загуби трите последни дуели во „Ел Класико“ од Чави и верува дека сега искуството на Реал Мадрид може да биде решавачкиот елемент.
„Ветераните и нивното непоценливо искуство. Ќе се потпреме на фудбалерите кои знаат како се победуваат големи натпревари и кои освоија многу трофеи во изминатиот период. Верувам дека можеме да победиме на „Камп Ноу“ и да се пласираме во финалето на Кралскиот куп“, истакна Анчелоти.
Прв финалист во Купот на Шпанија е тимот на Осасуна кој синоќа по продолженија го елиминира Атлетик Билбао.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Иван Ракитиќ става крај на блескавата кариера
