Connect with us

Може ли Беласица да го земе и скалпот на Вардар?

Кога ќе се доближите до бездната, тогаш изнаоѓате дополнителна сила за да се извлечете и да побегнете од опасната зона. Во таков стил игра Беласица која во изминатите две кола оствари две изненадувачки победи против Академија Пандев и против Шкендија.

Од водечкото трио остана уште Вардар, а струмичкиот тим ќе се обиде да го земе скалпот на тимот на Васоски на денешниот меч на стадионот „Борис Трајковски“. Во ред, мотивацијата сигурно ги носи напред фудбалерите на Беласица, но дали и само тоа?!

Вардар ќе игра за честа, за да не влезе во списокот на оние кои ’така лесно’ загубиле од Беласица кога на противникот бодовите му биле неопходни. 

Интересен ќе биде и дуелот меѓу Победа и Силекс. Прилепчани изненадувачки го добија Работнички во Скопје во изминатото коло, а и на Силекс му „гори“ под нозете во битката за опстанок. Македонија ЃП во Ѓорче Петров ќе ја пречека Ренова, а лидерот Шкендија е домаќин на Шкупи. Во Струмица силите ќе ги одмерат Академија Пандев и Работнички.             
 
ПМФЛ – 31. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Скопје: ВАРДАР – БЕЛАСИЦА
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ
Струмица: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ
Турново: ПОБЕДА – СИЛЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови