Српската обложувачка компанија „Моцарт“ влегува наголемо во македонскиот фудбал. Лидерот Шкупи и Академија Пандев, клубот на Горан Пандев, отсега на дресовите ќе го носат логото на спортската обложувалница.
Без да се објави јавно сумата на договорот, компанијата „Моцарт“ се пофали дека е спонзор на два македонски прволигаши, а капитенот на Академија Пандев, Сашко Пандев, даде чудна изјава. Се заблагодари дека клубот Академија Пандев станал ексклузивен бетинг партнер на „Моцарт“.
„Голема благодарност до компанијата Mozzart која влегува како спонзор на ФК Академија Пандев и ќе биде ексклузивен бетинг партнер на клубот. Морам да напоменам дека Mozzart е прва компанија која го препозна нашиот клуб како успешна приказна и самоиницијативно ни достави барање за соработка и да помогне во развојот и остварување на амбициите на клубот. Се надеваме дека оваа наша соработка ќе трае долги години, а компанијата Mozzart ќе продолжи да биде голем поддржувач на спортот во нашата земја,“ изјави Сашко Пандев.
„Моцарт“ е ексклузивен бетинг партнер и на српскиот првак Црвена Звезда. Пред два дена, Црвена Звезда шокантно загуби од Радник Сурдулица во првенството на Србија. Бетинг коефициентите на овој меч беа огромни за пораз на Црвена Звезда.
Многу симптоматично е што значи да се биде ексклузивен бетинг партнер на спортска обложувалница, ако се работи за прволигашки фудбалски клуб. Натпреварите од Првата фудбалска лига на Македонија редовно ги има во понудата за спортското обложување на „Моцарт“, но и на останатите обложувалници во Македонија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski