
Тренерот на Јувентус, Тиjаго Мота, беше задоволен од ремито 2-2 со Болонја. „Старата дама“ губеше со 0-2, но успеа да израмни во финишот. Стратегот е среќен што неговиот тим покажа храброст за да избегне пораз.
„При 0-2 изгледаше како да сме изгубиле, но тимот покажа храброст за да се врати во играта, што е позитивно. Тие продолжија да се борат и во тешка ситуација и успеаја да стигнат до бодот. При 0-2, мораше да трчаме повеќе и да преземаме повеќе ризици. Беше тешко да ја изнесеме топката од одбраната бидејќи Болоња пресираше високо. Уште пред мечот кажав дека може да се најде решение со долги топки и со три на три во нивната половина. Во такви ситуации е нормално тие повеќе да се бранат. Сакам нашите дефанзивци почесто да се вклучуваат во средниот ред. Пробуваме различни работи, искористувајќи ги нашите карактеристики. Верувам дека можеме да се подобриме во секој аспект“, изјави Мота.
Тој зборуваше и за претстојниот натпревар со Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
„Ова не е најдобриот момент да се соочиме со Манчестер Сити, но ќе се подготвиме како и обично. Ќе се обидеме да го ограничиме нивниот стил на игра и да ги искористиме максимално нашите силни страни и стратегија“, заврши тренерот на Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
