
Тијаго Мота ужива во одличен старт како тренер на Јувентус. „Бјанконерите“ остварија две победи со по 3-0 и се најдоа на врвот на табелата во Серија А, а младиот стратег не го крие своето големо задоволство од настапот на тимот.
„Кога еден тим врши притисок, најјасно се гледа желбата за победа. Да, тоа е ризично бидејќи се отвораат слободни простори, но можеш веднаш да ја вратиш топката и да нападнеш кон противничкиот гол. Ми се допаѓа нашиот старт, но имаме уште многу работа за да бидеме навистина силен тим“, изјави Мота по успехот против Верона.
„Влаховиќ заврши одлична работа и во офанзива и во дефанзива. Двата гола се заслужена награда за неговите напори. Сите треба да помагаат кога се браниме. Ако го имаме вистинскиот баланс помеѓу нападот и одбраната, сè ќе биде во ред, како што беше на овие први два меча“, објасни поранешниот играч за врска.
Јувентус го презеде врвот на табелата по втората последовна победа во Серија А.
„Младите играчи во составот се исклучително талентирани, а ние само им помагаме да бидат во потребната кондиција. Гледате каква разлика можат да направат кога се смирени и играат со добро расположение. Верона чекаше на нашите грешки, но ние бевме тие што ги искористија „дупките“ во противничкото поле. Нашите навивачи пееја од првата до последната минута, затоа што видоа дека тимот излезе со вистинскиот пристап“, истакна Мота.
„Против Рома очекувам интересен натпревар. Ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од себе и со поддршката на навивачите да го постигнеме посакуваниот резултат“, додаде тренерот на Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
