Connect with us

Мората шокираше пред Франција: Можеби ќе си заминам од репрезентацијата, во Шпанија нема почит за ништо и за никого

Алваро Мората предизвика многу бурни реакции и полемики во шпанската селекција и Атлетико Мадрид со контроверзните изјави од изминатите денови. Прво рече дека останува во клубот со кој, инаку, има договор до 2027 година, па потоа го промени ставот и најави дека ЕВРО 2024 може да биде неговото простување од шпанската репрезентација, чиј капитен е. И сто ова пред утрешниот полуфинален дуел со Франција.

„Во фудбалот ништо не е невозможно. Ќе мора да видиме како ќе заврши ЕВРО 2024 и сите тие работи, па ќе одлучам“, изјави Мората за шпанските медиуми.

Главниот проблем на Мората е големото оспорување и навредите кои јавно ги доживува во својата родна земја.

„Од длабочината на душата сакам да играм и за Атлетико и за Шпанија, но има моменти кога за мене е многу болно и компликувано во Шпанија. Доста ми е да бидам нечија жртва, но не сакам сега многу да зборувам за тоа. Посреќен сум во странство бидејќи таму луѓето ме почитуваат. Во Шпанија нема почит за ништо и за никого“, истакна Мората.

На турнирот во Германија, исто така, беше цел на критики иако селекторот Де Ла Фуенте има неограничена доверба во него. Има само 31 година, а размислува да ја заврши репрезентативната кариера.

„Сакам ЕВРО 2024 да го завршам на најдобар можен начин. Можеби после Европското првенство ќе се простам од репрезентацијата. Тоа е можност, но не би сакал сега многу да зборувам за тоа“, додаде капитенот на шпанската репрезентација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови