
Напаѓачот на Милан, Алваро Мората, е пренесен во болница на дополнителни прегледи, откако добил удар во главата за време на тренингот на „росонерите“ пред гостувањето на тимот кај Калјари во Серија А во сабота.
Се очекува шпанскиот репрезентативец да го пропушти натпреварот против Калјари поради инцидентот, пренесуваат италијанските медиуми.
Според известувањата од „Скај Спорт Италија“, Мората добил повреда на главата по судир со централниот дефанзивец Страхиња Павловиќ.
Како што е вообичаено за повреди на главата, тој бил однесен во најблиската болница за дополнителни прегледи. Се очекува 32-годишниот фудбалер да остане на набљудување најмалку неколку часа.
Мората, кој летово се приклучи на Милан од Атлетико Мадрид, го постигна вториот гол во победата на Милан од 1-3 против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во Лигата на шампионите во вторникот навечер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
