
Италијанскиот калчолигаш Монца денеска го отпушти тренерот Џовани Стропа поради лоши резултати и на негово место го постави Рафаел Паладино.
Минатата сезона Стропа ја предводеше Монца до најдобриот резултат во историјата и пласманот во Серија А, но тимот по шест кола има само еден освоен бод во најсилното италијанско натпреварување.
Од клубот не прецизираа дали Паладино привремено ќе го води тимот или тоа е долгорочно решение.
Своето деби на клупата ќе го има в недела против Јувентус, за кого одигра повеќе од 50 натпревари пред да замине во Џенова во 2008 година.
Замената на Стропа е втора тренерска смена сезонава во Серија А, откако минатата недела Болоња го отпушти Синиша Михајловиќ и го доведе Тијаго Мота.
Со Монца раководи познатиот тандем од славните денови на Милан, Берлускони – Галијани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal