Францускиот прволигаш Монако постигна договор за личните услови на грузиската ѕвезда Георгес Микаутадзе. Раководството на Монако испрати официјална понуда до Мец за купување на правата на Микаутадзе.
Грузиецот играше на позајмица од Ајакс во францускиот клуб изминатите шест месеци и имаше одлична втора полусезона во француската Лига 1 со 14 гола и четири асистенции во 22 натпревари. Поради тоа, Мец ја искористи клаузулата во договорот за позајмица и ги врати правата на фудбалерот за 13 милиони евра.
Интересно е дека Микаутадзе беше продаден на Ајакс токму од Мец за 16 милиони евра минатото лето, но тој не успеа да блесне во составот на гигантот од Амстердам, со само девет настапи без постигнати голови или асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













