
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година е пред нов голем предизвик. Денеска (15.30 часот) во Скопје гостува фаворитот Холандија, а момците на селекторот Драган Канатларовски се максимално мотивирани по триумфот над Шведска (0-1) на гости.
„Оваа генерација е квалитетна и подготвена за големи нешта. Мислам дека може да се бори и за пласман во баражот, можеби и да го повтори успехот на онаа „златна генерација“ која обезбеди историски пласман на Европско првенство“, изјави селекторот Драган Канатларовски пред почетокот на квалификацискиот циклус.
Првиот чекор во Јончепинг беше успешен, сега младите фудбалери треба да ја докажат својата вредност и против фаворизираната Холандија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
