Интер Мајами официјално ги претстави пред своите навивачи двете нови ѕвезди, Лионел Меси и Серхио Бускетс. Двајцата добри пријатели беа доведени во клубот како слободни играчи, а клубот синоќа организираше спектакуларен настан за да ги претстави како нивни фудбалери. Тоа се случи на стадионот во Форт Лодердејл.
The storm in Miami, Messi’s presentation has been delayed and it will take place when the rain stops 🌧️
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) July 16, 2023
pic.twitter.com/RFjP9L8QDS
Настанот беше на работ на неуспех бидејќи непосредно пред почетокот имаше голема бура и дожд во градот. Поради безбедносни мерки на навивачите подолго време не им беше дозволен влез на стадионот. Меѓутоа, во еден момент невремето помина и настанот можеше да започне, иако дождот одврати дел од ентузијастите кои се вратија во своите домови.
Прв на сцената излезе еден од сопствениците на Интер Мајами, Дејвид Бекам.
„Одлично е што сте тука на оваа посебна вечер. Живееме во неверојатен момент за да можеме да му посакаме добредојде во Мајами на еден од најдобрите играчи во историјата. Ова е остварување на сонот. Пред десет години ја започнав мојата авантура во САД со идејата да се донесат најмногу – најдобрите фудбалери во светот да помогнат во изградбата на „Сокер 3“. Добредојде Лео, ти благодариме што го избра нашиот клуб“, изјави Бекам.
Тогаш на сцената се појави шпанскиот фудбалер, облечен во дрес со неговиот омилен број „5“ на грбот.
„Многу сум среќен што сум во Мајами. Убаво е што сум тука. Благодарност до Дејвид, Хорхе и Хозе што го овозможија ова. Возбуден сум што ќе започнам со тренинзи со моите нови соиграчи”, рече Бускетс на неговото претставување.
Bienvenido a nuestra familia💗🖤 pic.twitter.com/k7VOSGo1lv
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) July 17, 2023
Конечно, кулминацијата дојде со влегувањето на Лео Меси на теренот, а на трибините владееше вистинска еуфорија.
„Благодарам на луѓето од Мајами за ова добредојде и за оваа љубов. Среќен сум што сум тука. Ви благодарам на Дејвид, Хорхе и Хозе што направија сè да биде толку лесно. Доаѓам овде со желба да се борам и да победувам, а секако и да помагам клубот да расте. Се надевам дека ќе ни се придружите и сакам да им се заблагодарам и на моите соиграчи овде. Среќен сум што го избрав овој град и овој проект. Не се сомневам дека ќе уживам во ова искуство“, изјави Меси.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski