Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, нема да зборува пред новинарите на прес-конференција пред гостувањето кај Јувентус во Торино во италијанската Серија А в недела, објави „Скај Спорт Италија“.
Наполи испадна во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но останува убедлив лидер во Италија со 75 бода. Јувентус ја зазема третата позиција со 59 бода откако му беа вратени одземените 15 бода.
Фудбалерите предводени од Спалети утре ќе патуваат од Неапол за Торино, а натпреварот против Јувентус се игра в недела во вечерниот термин.
Наполи има 24 победи од 30 натпревари во италијанската лига од почетокот на сезоната. Клубот последен пат ја освои титулата во Серија А во 1990 година, во ерата на Диего Армандо Марадона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













