Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Мојсов успеа да најде заеднички казик со раководстото на АЕК Ларнака. Тој и следната сезона ќе го носи дресот на кипарскиот прволигаш иако првично се збогуваше преку социјалните мрежи и најави разделба.
Но, дојде до нова средба на која Даниел Мојсов и претставниците на клубот договорија нова едногодишна соработка. Мојсов веќе четири и пол сезони е член на АЕК Ларнака каде соиграч му е и Иван Тричковски.
Дефанзивецот досега има 89 настапи за АЕК Ларнака во кипарското првенство, 14 во Купот на Кипар, едно учество во Суперкупот и 25 настапи во европските купови во „жолто-зелениот“ дрес. Досега има постигнато пет гола во сите натпреварувања.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski