
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски на денешната прес-конференција информираше за отпочнувањето на процесот за утврдување на законско решение за поранешните и сегашните спортисти да добијат право на пензиски стаж, пензиско осигурување и пензија.
„Ми претставува особена чест што денеска имам можност да го најавам исправувањето на една децениска неправда кон спортистите и спортистките во нашата држава. Со нивниот придонес, влог, со нивната пожртвуваност, многу од нив и како наши најголеми амбасадори, репрезентативци нѐ задолжиле сите нас ја задолжиле државата која гордо ја претставувале во Европа и светот. За спортистите и спортските работници, кои се занимаваат и се занимавале со професионален спорт, екипен или индивидуален, од независноста, па се до денеска, немаше конкретно системско решение, со коешто се регулира законски статусот за нивниот професионален ангажман, во делот што се однесува на здравствено, социјално, пензиско и инвалидско осигурување. Тоа значи дека вложениот труд, потрошеното време и учинокот на секој спортист, по заминувањето во спортска пензија, па до исполнување на старосната возраст за исполнување на правото за пензија, до денеска, не добиле вредност, како секој друг работник кој работи во различни дејности“, рече директорот Мојсовски.
„Во заедничка координација со Фондот за пензиско осигурување, Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика и Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, формиравме работна група за изнаоѓање на најдобрите модели со коишто преку законска измена ќе се стигне до трајно и системско решение, односно времето коешто спортистите го поминале професионално ангажирани од спортски клуб да им биде додадено, поточно, тоа време, тие години, да им бидат впишани во пензискиот стаж, во моментот кога ќе ги исполнат законските критериуми и старосната граница за заминување во пензија. Kако ракометар со повеќе од 20 години успешна ракометна и репрезентативна кариера, немам ниту еден ден стаж, а истата судбина ја делат плејада на спортски легенди. И, тоа се тажни неправди, но и навреда за се’ што тој спортист дал за својата држава. По завршувањето на спортската кариера, овие големи луѓе, се оставени на маргините на општеството, без работен стаж, без здравствено осигурување, но и најчесто и без алтернативна професија и образование, работи коишто ги испуштиле градејќи спортска кариера на највисоко ниво, посветени на достоинствено претставување и промоција на нашата држава ширум светот. И, не, овие спортисти и спортистки никако не смеат да бидат заборавени од општеството“,рече директорот Мојсовски.
Остварувањето на спортска пензија за поранешните спортисти и спортистки е само првиот сегмент од исполнувањето на владините мерки во однос на трудовите и социјалните политики во спортот.
Следен сегмент е поддршката за регулирање, односно субвенционирање на придонесите на сегашните спортисти и спортистки процес којшто ќе отпочне во вториот квартал од годинава и ќе тече паралелно со тој за спортските пензии.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија
