Најдобриот стрелец во Премиер – лигата, Мохамед Салах, собори уште еден рекорд оваа сезона. Синоќа Египќанецот се запиша во листата на стрелците во дербито против Евертон и забележа асистенција за конечните 2-2 на „Гудисон Парк“.
Салах најпрво асистираше на Мекалистер за 1-1, а потоа и постигна гол, носејќи целосен пресврт во резултатот.
Ова беше негов 14-ти гол од почетокот на сезоната, заедно со деветте асистенции, што значи дека Салах учествувал во вкупно 23 погодоци на Ливерпул во Премиер – лигата.
Со ова тој го надмина рекордот на Енди Кол од сезоната 1993/94, кога постигна 12 гола и запиша девет асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













