Египетскиот интернационалец Мохамед Салах е понуден на Барселона за можен трансфер по завршувањето на оваа сезона, кога му истекува договорот со Ливерпул.
Сепак, каталонскиот клуб одлучил да не го реализира овој трансфер поради неколку причини.
Една од главните причини е возраста на Салах. Со 32 години, египетскиот напаѓач не се вклопува во долгорочните планови на Барселона, кои се насочени кон привлекување на помлади таленти.
Покрај тоа, раководството на клубот е загрижено дека доведувањето на Салах може да го ограничи развојот на младиот талент Ламин Јамал, кој веќе се етаблира како клучен играч во составот. Барселона е задоволна и од напредокот на бразилскиот крилен напаѓач Рафиња, што дополнително ја намалува потребата од нови засилувања во нападот.
Поради овие фактори, Барселона одлучила да не се ангажира за трансферот на Мохамед Салах, дури и ако има можност да го доведе како слободен агент.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Капинковски го објави списокот за Македонија У19
Евро-фудбал
Фермин Лопез го замолна Мадрид (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Фермин Лопез го замолна Мадрид (ВИДЕО)













