
Хрватскиот ас Лука Модриќ го постигна победничкиот гол за триумфот (1-0) на Милан против Болоња, а со својот дебитантски погодок за „росонерите“ успеа да урне долгогодишен рекорд во Серија А.
Тој со своите 40 години и 5 дена стана најстариот играч од средниот ред кој постигнал гол во историјата на италијанската елита. Досегашен рекордер беше легендарниот фудбалер на Милан, Нилс Лидхолм, кој погоди против Интер на 26 март 1961 година, на возраст од 38 години и 169 дена.
Така, Модриќ го постави своето прво големо достигнување во Италија само пет дена по неговиот 40. роденден, кој го прослави заедно со своите нови соиграчи. Сосема заслужено ја доби наградата за играч на натпреварот, и од Серија А и од својот клуб.
Добитникот на „Златната топка“ во 2018 година беше стартер на сите три досегашни првенствени средби на Милан оваа сезона, а покрај вчерашниот гол, запиша и една асистенција при победата со 2-0 над Лече.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
