
Хрватскиот интернационалец од Реал Мадрид, Лука Модриќ, категорично го отфрли ставот дека „кралскиот клуб“ е јасен фаворит против Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите. Според него, шансите на двете екипи да го подигнат трофејот се подеднакви.
„Многу сме задоволни што сме тука и со голема самодоверба пред најважниот натпревар во годината. Се надеваме дека ќе биде добро за нас. Неверојатно е што можам да му парирам на Пако Хенто во трофеите на турнирот. Уживаме во овој момент, задоволни сме и амбициозни. Ни останува само еден мал чекор и треба да го направиме како тим. Би било импресивно да имам шест трофеи во Лигата на шампионите. Тоа сигурно нема да биде нашето „најлесно“ финале. Сите не посочуваат како фаворити, но тоа не е така. Шансите во финалето се 50-50. Борусија Дортмунд е голем тим кој имаше силна сезона во ЛШ, па сигирно нѐ очекува тежок дуел“, изјави Лука Модриќ.
Реал Мадрид неколкупати оваа сезона имаше негатива, а потоа чудесно се извлекуваше и го продолжуваше патот кон финалето. Модриќ вели дека сигурно не сакаат повторно да имаат таков меч.
„Се разбира, ние повеќе би сакале да го преземеме водството отколку да бркаме негатива. Сепак, веќе докажавме дека и кога работите не ни одат добро, продолжуваме да се бориме до самиот крај. Бараме начини да направиме пресврт на нашите натпревари, секогаш борејќи се со максимална посветеност. Секогаш е посебно да се вратиш во Лондон и да зачекориш на „Вембли“, тоа е прекрасен стадион“, прокоментира искусниот играч за врска во пресрет на големото финале во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
