
Хрватска го елиминира Бразил и по третпат во историјата се пласираше во полуфиналето на Светското првенство. Капитенот Лука Модриќ смета дека „коцкестите“ и досега покажале многу на Мундијалот, но допрва треба да го одиграат натпреварот на животот.
„Импресивно е повторно да се биде во полуфиналето на Светското првенство, ова што го прави овој тим е нешто неверојатно“, изјави Модриќ.
„Нормално е сите повеќе да гледаат во големите земји. Бидејќи сме мала земја, никој не нѐ зема во предвид, но немаме проблем со тоа што другите се фаворити, а ние сме во сенка. Тоа е нешто што не можеме да го контролираме“, истакна тој.
37-годишниот Модриќ се фокусира на претстојното полуфинале со Аргентина, во вторник од 20 часот.
„Аргентина е голем тим, не играме само против еден играч. Секако дека Лео Меси е одличен, нивниот најдобар играч и ќе имаме многу потешкотии да го спречиме, но ние сме подготвени и ќе дадеме сѐ од себе. Да се обидеме да ја одиграме најдобрата игра на турнирот во нашите животи. Се надевам дека тоа ќе биде доволно за финалето“, заклучи играчот на Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
