Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, најави дека Мундијалот во Катар ќе биде неговото последно големо натпреварување во дресот на „коцкестите“, објави каналот на ФИФА, а пренесува „ЕСПН“.
„Свесен сум дека сум на одредена возраст и дека ова најверојатно ќе биде моето последно натпреварување за хрватската репрезентација“, изјави Модриќ за ТВ каналот ФИФА кој го најавува Светското првенство.
Неодамна хрватскиот напаѓач Андреј Крамариќ изјави дека не мисли оти Катар е крајот за капитенот на таа репрезентација. Се чини дека играчот на Хофенхајм, сепак погрешил.
Модриќ (37) досега за Хрватска одигра седум европски или светски првенства, вкупно 154 натпревари и постигна 23 гола, а врв во неговата репрезентативна кариера беше финалето на Светското првенство во Русија во 2018 година, кога беше и најдобар играч на првенството.
Во Хрватска се надеваат дека збогувањето на Модриќ сепак ќе биде одложено за фајналфорот на Лигата на нации во јуни 2023 година, кога Хрватите за титулата во тоа натпреварување ќе се борат со домаќинот Холандија, Италија и со Шпанија.
Хрватска во Катар ќе игра во групата Ф со Белгија, Канада и со Мароко.
Светското првенство ќе се игра од 20 ноември до 18 декември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













