
Лука Модриќ (38) ќе остане член на Реал Мадрид до крајот на сезоната, без разлика на сите приказни за неговото заминување. Ова го потврди извршниот директор на мадридскиот клуб, Хозе Анхел Санчез.
Лука Модриќ оваа сезона не е во преден план кај Карло Анчелоти. Предност да бидат во тимот добиваат помладите играчи од средниот ред и Модриќ игра значително помалку од претходните сезони.
Затоа често се споменува заминувањето на хрватскиот играч за врска од Мадрид. Се споменуваше дури и можноста за заминување во јануари следната година, но од тоа нема ништо. Тоа го потврди и извршниот директор на „кралевите“, Хозе Анхел Санчез.
„Не планираме да го продадеме Модриќ во јануари“, рече Санчез и истакна дека нема преговори за негово заминување. „Не преговараме со ниту еден тим од Саудиска Арабија за него.“
За Лука Модриќ ова дефинитивно ќе биде последна сезона во дресот на Реал Мадрид, а потоа ќе одлучи дали ќе замине во Саудиска Арабија или ќе ја прифати понудата на Дејвид Бекам за да игра во Интер Мајами.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Проблеми за Милан, се повреди Рафаел Леао

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
