Connect with us

Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан на „Сан Сиро“ славеа со минимални 1-0 против Болоња во натпревар од третото коло во Серија А.

Летово „росонерите“ значително се засилија, а најголемо име што пристигна е легендарниот Лука Модриќ. Се очекуваше искусниот Хрват да биде тактичка поддршка на тренерот Масимилијано Алегри и да го подигне нивото на тимот во завршницата на мечевите, но на стартот од сезоната неговата улога е далеку поголема – тој е лидерот на Милан и игра целосни 90 минути. Вечерва токму тој беше херојот на триумфот.

Модриќ, кој пред само пет дена наполни 40 години, во 61. минута ја заврши одличната акција на Салемакерс по десната страна. Белгиецот му врати топка, а хрватскиот мајстор со прецизен удар од 15 метри ја затресе мрежата за 1-0.

Милан можеше да ја осигура победата и порано, но рамката на голот трипати беше сојузник на Болоња – шутираа Еступињан, Лофтус-Чик и Хименез, но без среќа.

По овој триумф „росонерите“ имаат шест бодови и се наоѓаат на петтата позиција, додека Болоња со три бода е на 13. позиција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови