Connect with us

Модесте донесе триумф за „милионерите“, Унион Берлин го прегази Шалке (ВИДЕО)

Унион Берлин е изненадувачки лидер на табелата во Бундес-лигата откако собра 10 бода по четири кола. Се рабира, Баерн Минхен се уште го нема одиграно мечот од ова коло. Унион Берлин славеше на гости против Шалке со 1-6. По два гола постигнаа Шералдо Бекер и Свен Мичел, а стрелаа и Торсби и Хаберер.


Антони Модесте го постигна првиот гол за Борусија Дортмунд и донесе триумф (0-1) на гости против Херта во Берлин. Баер Леверкузен конечно победи, и тоа убедливо (0-3) на гости против Мајнц.


Лајпциг го победи Волфсбург со 2-0, со двата гола на Кристофер Нкунку во 5. и во 90. минута. Хофенхајм со 1-0 славеше против Аугсбург.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови