
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска (13 часот) на тренинг центарот „Петар Милошевски” ќе го одигра првиот од двата контролни натпревари против селекцијата на Косово. Селекторот Драги Канатларовски за овие пријателски дуели се одлучи шанса да им даде на фудбалери од генерацијата 2002/2003.
Играчот за врска на Работнички и еден од нашите најголеми таленти од генерацијата 2002/2003, Димитар Тодоровски, кој зад себе веќе има 3 настапи за селекцијата до 21 година, вели дека Македонија атакува на победа на секој натпревар, без разлика за кој противник станува збор.
„Имаме одлични подготовки, селекторот уште на првиот тренинг јасно ни ги кажа своите идеи и замисли, се надевам дека на денешниот натпревар ќе одиграме добро, онака како што очекува селекторот од нас и ќе успееме да оствариме победа. Иако се работи за пријателски натпревар, оваа селекција на Македонија заедно со селекторот секогаш ќе настојува да оствари победа на секој меч и против секоја репрезентација, без разлика на нивнот квалитет. Новите играчи се одлично прифатени, атмосферата во самата репрезентација е одлична, функционираме како едно семејство. Имаме одлична генерација на млади фудбалери, се надевам дека квалитет кој го поседуваме е неоспорен ќе успееме да го прикажеме и на натпреварите против Косово“, изјави Димитар Тодоровски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
