Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ремизираше (2-2) против Словачка на вториот натпревар од турнирот во Анталија, Турција.
Македонија имаше водство од 2-0, но не успеа да ја задржи до самиот крај. Словаците пронајдоа слабости во играта на нашиот тим и израмнија на 2-2.
Македонија дојде во водство во 24. минута откако шутираше Дарко Чурлинов, а откако топката удри во еден противнички фудбалер заврши во мрежата. Мартин Радуловиќ-Величковиќ во 54.минута зголеми на 2-0, но потоа Словаците имаа свои моменти и израмнија.
Следниот натпревар за Македонија У21 во Турција е против Бугарија на 29 март.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













