Connect with us

Младиот Талаков со трансфер во Подбрезова

Младиот фудбалер Мартин Талаков, изданок на школата на Академија Пандев, направи трансфер во словачкиот клуб Подбрезова. Офанзивецот, кој е младински репрезентативец на Македонија, доби шанса да замине во странство.

„Среќни сме и горди што реализиравме уште еден трансфер на фудбалер произлезен од нашата школа Мартин Талаков. Заедно со играчот одлуката беше да се прифати понудата на ФК Подбрезова од Словачка и да биде пропратна станица за идни поголеми трансфери во неговата кариера. Мартин ти посакуваме многу успех и радости во новиот клуб“, објавија од Академија Пандев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови