
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, вечерва (18 часот) ја очекува дуел со Фарски Острови, како дел од квалификациската група Х за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија.
Нашите млади фудбалери денеска на националната арена „Тодор Проески” во Скопје ги продолжуваат настапите. Јован Манев нема да биде во можност да му помогне на тимот поради суспензија за жолти картони. Бесир Исени заработи црвен картон на дуелот со Србија и исто ткаа нема да може да му се стави на располагање на селекторот Драги Канатларовски.
Еден од нашите најдобри поединци во тековните квалификации, Марио Младеновски се враќа во составот и најавува дека младите фубалери мора да покажат голема пожртвуваност и желба за победа против незгодната селекција на Фарски Острови.
„Можевме и моравме многу подобро да одиграме на дуелот со Србија. Имаме голем квалитет, но за жал тоа не го покажавме на мечот со силната селекција на Србија. Пропуштивме добра можност за освојување на бодови. Жалам што не бев во можност да им помогнам на моите соиграчи поради суспензија. Сега со мислите сме насочени кон денешниот дуел со Фарски Острови, се освен победа ќе биде неприфатливо за нас. Поседуваме квалитет и тоа мора да го покажеме, на домашен терен и пред домашна публика. Не смееме никако да го потцениме противникот. Покажаа и докажаа дека може да бидат многу незгоден противник, успеаја да откинат бодови на една силна репрезентација на Франција која е апсолутен фаворит во групата, но и на Србија”, изјави Марио Младеновски.
Првиот натпревар одигран помеѓу овие две селекции во Класвик, во третото коло од квалификацискиот циклус заврши нерешено, 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
