Македонскиот прволигаш Работнички доведе шест засилувања во досегашниот тек од зимскиот преоден рок, а во моментот на проба има млад напаѓач од соседна Србија. Доколку успее да ги задоволи вкусовите на шефот на стручниот штаб Александар Влахо и на раководството на клубот би можел да биде седмо ново име кај „романтичарите“ оваа зима.
Се работи за Јован Петровиќ, 20-годишен млад фудбалер кој игра на позицијата централен напаѓач и наредните неколку дена ќе биде на проба во Работнички. Негов последен клуб е Синѓелиќ, ја минал младинската академија на Напредак Крушевац, а настапувал и за швајцарскиот клуб Пајде Молин.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













