Младиот фудбалер на Трепчa, Ерион Кајтази, почина на терен како последица од срцев удар. Тој имаше само 17 години, а информацијата е потврдена од клубот.
Фудбалерот кој е од Косовска Митровица, паднал во бесознание на крајот на полувремето, а покрај напорите докторите не успеале да му помогнат.
„Денеска со 17 години не напушти Ерион Кајтази. Не можеме да најдеме зборови да напишеме за тебе, Ерион. Со нас порасна и играше за сите селекции. Планиравме во блиска иднина да одиш во Европа, и на овој ден се простуваме од тебе физички, но не емоционално и духовно. Ери, како што те нарекувавме, засекогаш ќе останеш во нашите мисли. Со голема болка ќе се сеќаваме и никогаш нема да те заборавиме од страна на целиот клуб Трепча и претседателот“, објави клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати













