Connect with us

Митровски даде гол за Вараждин, но победата му припадна на Трајковски (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски беше стрелец на погодок за Вараждин на мечот против Хајдук на „Пољуд“. Тој погоди во осмата минута од натпреварот и обезбеди предност за Вараждин на одморот.

Но, Хајдук Сплит направи целосен пресврт во второто полувреме. Кровиновиќ израмни во 56.минута, а Марко Ливаја донесе триумф со голот во 74.минута.

Александар Трајковски го одигра второто полувреме за Хајдук и на крајот славеше победа со своите соиграчи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови