„Би-Би-Си“ се пошегува со Кристијано Роналдо по неговото промашување на пеналот против Словенија. Британскиот медиумски гигант го нарече „Misstiano Penaldo“, игра на зборови која комбинира „miss“ (промашување) и „penalty“ (пенал).
Во продолженијата, Роналдо имаше несреќа да промаши пенал во 105 минута. Поточно, Јан Облак со одлична интервенција го одбрани својот гол.
BBC putting "Misstiano Penaldo" as the graphic on his pen is EVIL work 😭 pic.twitter.com/efso4W36WL
— Joe Gilmore (@Gilology) July 1, 2024
Од „Би-Би-Си Спорт“ прикажаа повторување на одличната одбрана на Јан Облак, а некој од уредниците видливо го прекрсти Кристијано Роналдо во „Мистиано Пеналдо“.
Голем дел од спортската јавност веднаш го изрази своето разочарување од постапките на медиумот. Поранешниот капитен на Англија и Челси, Џон Тери, го изрази своето незадоволство на социјалните мрежи, велејќи дека тоа е срамен потег на „Би-Би-Си“. Роналдо ги погоди рамките на голот, но Јан Облак го одбрани неговиот удар.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski