Connect with us

Мирко Ивановски: Со сплотеност и заедништво ќе излеземе од кризата

По последниот пораз од Башкими, Пелистер влезе во кризен период, а капитенот Мирко Ивановски се обрати до навивачите и симпатизерите на клубот.

„Сочувствувам со нашите навивачи во овој тежок момент. Неочекувано западнавме во кризен период, но со сплотеност и заедништво можеме да излеземе од него. Имаме разни проблеми, вклучително и повреди, но ако сме сите заедно, ќе успееме. Очекувам поддршка за оваа млада екипа, бидејќи сезоната е долга и имаме многу цели“, порача Ивановски.

Тој им честиташе и на навивачката група „Чкембари“ по повод 40-годишнината, нагласувајќи дека таа се поклопува со 80-годишниот јубилеј на клубот и изрази уверување дека заедно ќе слават подобри денови.

По седум кола во домашниот шампионат, Пелистер има само две победи и се наоѓа во долниот дел од табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови