Connect with us

Мирко Ивановски претставен како ново засилување на Динамо Букурешт

Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски е претставен како ново засилување за романскиот клуб Динамо Букурешт. Тој се враќа во романскиот фудбал каде во минатото беше член на Астра Ѓурѓиу и на Клуж.

Напаѓачот беше дел од Диосѓер во Унгарија од 2019 година, а сега одлучи да ја прифати понудата на Динамо Букурешт.


Мирко Ивановски е дете на Пелистер, а во текот на кариерата играше за Македонија ЃП, Славија Прага, Арка Гдиња, Видеотон, Болуспор, Славен Белупо, Хајдук Сплит и Диосѓер. За последниот клуб одигра 50 натпревари и постигна девет гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови