Connect with us

Миовски од пенал донесе победа за МТК (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше стрелец на победничкиот гол за МТК во триумфот (2-1) над Ујпешт во унгарското првенство. Тој самиот го изнуди пеналот откако неговиот волеј – удар беше спречен со рака од противнички фудбалер. Голот можете да го видите на следниот линк.

Миовски ја презеде одговорноста во 97.минута и донесе важна победа за МТК.

Претходно, Ујпешт поведе во 84.минута, а МТК израмни четири минути подоцна.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови