Крилниот напаѓач на Шкупи, Кристијан Трапановски, е пред потпис со шкотскиот прволигаш Данди Јунајтед, тврдат медиумите во оваа земја. Релацијата е менаџерот Џим Гудвин, стратегот кој пред две години го доведе Бојан Миовски во Абердин за сума од 350.000 фунти, а тој стана еден од најдобрите фудбалери во шкотскиот шампионат и постигна 44 гола на 90 натпревари за овој тим.
Следната цел на Џим Гудвин е Трапановски, кој е поранешен младински репрезентативец и веќе има интернационално искуство, трансфер во Славија Прага, а потоа и позајмици во Татран Прешов и во Викторија Жижков.
Доколку се реализира овој трансфер, Кристијан Трапановски ќе биде третиот Македонец во првенството на Шкотска, по Бојан Миовски во Абердин и Давор Здравковски во Мадервил.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













