Connect with us

Миовски беше стартер, а Џирона оствари убедлива победа

Џирона ја оствари првата победа во новата сезона во Ла Лига, откако првпат играше и на домашен терен по двете гостувања на стартот. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски за првпат беше стартер, а Џирона славеше против Осасуна со 4-0.

Брајан Хил во 34.минута донесе водство, Циганков зголеми на 2-0 во 53.минута, а само три минути подоцна Абез Руиз постигна трет гол за Џирона. Во финишот, во листата на стрелците се запиша и Кристијан Стауни во 90.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови