
Македонскиот прволигаш Брегалница спогодбено ја прекина соработката со бугарскиот интернационалец Иван Минчев. Тој беше доведен како големо засилување, но, сепак, и не покажа премногу во првите четири кола. Официјалната информација е деја Минчев поради семејни причини побарал да се врати во Бугарија.
„Сакам да искажам огромна благодарност на ФК Брегалница за начинот на кој бев пречекан во Штип и во клубот во првото мое интернационално искуство во кариерата. Наидов на максимално професионално организиран клуб кој овозможува беспрекорни услови за развој на еден фудбалер, но семејството сепак е најважно во животот и само поради тоа неопходно е да се вратам во својата земја. И благодарам на Брегалница за прекрасните заеднички месеци, им благодарам на навивачите, и посакувам на клубот многу успеси низ актуелната сезона“, изјави Минчев по разделбата со клубот.
Минчев во Брегалница дојде од редовите на бугарскиот прволигаш Берое, а сега можеби ќе се обиде да доведе ново засилување во завршните денови од летниот преоден рок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
