Македонскиот прволигаш Шкупи и официјално назначи нов предводник. Човекот кој со години е дел од чаирскиот тим и важи за еден од најпосветените членови на клубот, Минас Османи, е именуван за нов шеф на стручниот штаб.
Османи го наследува Турчинот Умит Шахин, кој ја напушти клупата по серија разочарувачки резултати без ниту една победа.
Во изминатиот период Османи привремено ја извршуваше тренерската функција, но сега доби целосна доверба од управата со јасна цел – да го стабилизира тимот и да го врати на победничките патеки. Во наредните денови клубот ќе го објави и проширениот состав на стручниот штаб кој ќе му помага во работата.
Шкупи моментално се наоѓа во сериозна резултатска криза, без ниту еден триумф во Првата македонска лига оваа сезона. Во следното коло чаирчани ги очекува тешко гостување кај Силекс во Кратово, кое ќе биде вистински тест за новиот стратег.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













