Црвена Звезда загуби од Милан на „Сан Сиро“ со 2-1 со контроверзниот гол на Тами Ејбрахам во 87.минута, а тренерот Владан Милојевиќ по натпреварот жестоко ги нападна УЕФА и судијата Хил Манцано.
Беше одлигледно дека на голот на Милан му претходеше прекршок над одбранбен фудбалер на Црвена Звезда, но судиите од ВАР собата сепак не се огласија.
„Нека примиме и пет, седум, десет голови, но немојте да ги правите работите на ваков начин. Разочаран сум од судиските одлуки, немам зборови. Ова е срамота за Лигата на шампионите. Доаѓаме овде, ја претставуваме нашата земја, нашиот клуб, ако некој не ја сака Црвена Звезда, нека каже јасно, а не да ни прават вакви работи. Каков пенал не ни беше досуден во Монако, тоа беше срамно! Ова сега беше вооружен грабеж од арбитрите. Ако им пречиме, нека си направат затворена лига и нека си играат меѓу себе. Ние можеби доаѓаме од мала држава, но сме горди и не сакаме да ни се прават вакви работи,“ изјави тренерот на Црвена Звезда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













