Италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума го напушти Милан и кариерата ќе ја продолжи во францускиот гигант Пари Сен Жермен. Победија милионите и желбата на агентот Мино Раиола со својот пулен да направи спектакуларен и богат трансфер. Пропадна планот на „росонерите“ дека Донарума ќе израсне во клупска легенда на Милан.
Раководството на ПСЖ ги договори деталите со Мино Раиола за доаѓањето на Џанлуиџи Донарума во Париз. По медицинските прегледи кои ќе бидат направени во кампот на италијанската фудбалска репрезентација, Донарума ќе потпише договор на пет сезони со ПСЖ и годишно ќе заработува 12 милиони евра.
ПСЖ го потпиша и Кејлор Навас до 2024 година, но Донарума најверојатно една сезона ќе оди на позајмица во некој друг европски клуб.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












