Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекуваат два пријателски натпревари против Финска и против Азербејџан во Скопје, а селекторот Благоја Милевски денеска го објави списокот на повикани фудбалери.
Се вратија Илија Несторовски, Бобан Николов, Давид Бабунски, на списокот, но поради повреда повторно го нема Аријан Адеми. Ги нема и Чурлинов, Костадинов, а Дарко Велковски не е во тренажен процес околу две седмици.
„За жал повторно не можеме да бидеме комплетни, но веќе се навикнавме на тоа. Аријан Адеми повторно нема да биде со нас, откако се здоби со истекнување на мускулот, има руптура од три сантиметри. Ќе ги нема и Чурлинов, Костадинов и Дени Илиев. Тие полека се враќаат од повредите, но се уште не можат да бидат со нас. Дарко Велковски е на списокот, но 14 дена не е во тимски тренажен процес, а Трајковски почна со подготовки на 3. ноември. Овојпат Илија Несторовски ќе добие шанса, сакам да видам дали може да се вклопи добро во оваа наша нова концепција“, изјави селекторот Благоја Милевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













