Connect with us

Милевски: За жал, не ги реализиравме шансите за победа

Макфудбал во Разград,

Фудбалската репрезентација на Македонија ремизираше 1-1 против Бугарија во Разград. Селекторот Благоја Милевски вели дека нашиот национален тим доминираше, но од резултатот не е задоволен. Сепак, тој вели дека мора подобро да се реализираат шансите.


„Македонија ја контролираше играта во текот на целиот натпревар. Бевме подобри и во првиот дел, но имавме негатива, а во второто полувреме израмнивме и се чини дека заслуживме и повеќе. Но, ни недостигаше тоа завршно додавање, како и подобра реализација. Но, освен Алиоски и Трајковски, во овој период сите други фудбалери се надвор од тренажен процес. Ова е само прв натпревар, има уште пет и се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови