Connect with us

Милевски: Целта е остварена, повторно сме лидери во групата

Фудбалската репрезентација на Македонија се врати на лидерската позиција во групата Ј со убедлива победа од 5-0 над Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство 2026. Со ова, нашиот национален тим собра 11 бодови од пет натпревари, пред Велс со 10 бодови (5 меча) и Белгија со 7 од три средби.

Селекторот Благоја Милевски истакна дека е задоволен од прикажаната игра и од конечниот резултат.

„Честитки до противникот и до нашите фудбалери за сериозноста, професионалноста и пристапот на овој меч. Не случајно доминиравме на теренот. Имаме максимален респект за секој противник, но од самиот почеток до крајот Македонија беше подобра во сите сегменти и Лихтенштајн имаше многу малку простор за игра“, рече Милевски.

„Следен предизвик е гостувањето во Белгија. Без разлика дали се подготвуваме за Лихтенштајн или за Белгија, подготовката е иста. Главната цел ја остваривме – останавме први во групата по овој квалификациски прозорец и продолжуваме со амбиции за пласман на Мундијалот“, дополни селекторот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови